Дома Фудбал Пике: Можеме да го победиме Реал на „Бернабеу“

Пике: Можеме да го победиме Реал на „Бернабеу“

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике смета дека неговиот тим може да го победи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ вечерва и да ја направи трката за титулата крајно интересна.

„Кралскиот“ клуб има предност од три бода на врвот на табелата пред Каталонците, но имаат и еден натпревар помалку. Интересно, Реал оваа сезона нема пораз на „Сантиаго Бернабеу“.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Пике сепак мисли дека независно од разочарувачката елиминација на неговиот тим од Јувентус во четвртфиналето на Лигата на Шампионите, тие можат да го победат големиот ривал.

„Ние сме луѓе и нормално е да сме разочарани од елиминацијата од Лигата на шампионите. Во недела ќе имаме повторно тежок натпревар, но ние ќе одиме таму за да играме и да се обидеме да победиме. Дури и да не сме во најдобар момент, верувам дека можеме да победиме“, сигурен е Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Мајсторија на играч од Баер од слободен удар. Хрватскиот голман немаше шанси

Фудбалерите на Копенхаген и Баер Леверкузен го отворија третиот ден од првото коло на Лига…