Дома Фудбал Лига на шампиони Пике: Вака тешко дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите

Пике: Вака тешко дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите

Барселона не успеа да ја победи Славија Прага во натпревар од 4-тото коло во Лигата на шампионите.

Каталонскиот тим во последно врме не воодушевува со својата игра, а после поразот во првенството избраниците на Валверде на домашен терен ремизираа со Славија (0:0).

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во таборот на Барселона очекувано владее загриженост после овој кикс.

„Оваа ситуација мораме да ја решиме што побрзо и тоа со мирна глава. Дакт е дека не играме онака како што сакаме, но се уште сме во добра позиција во првенството и Лигата на шампионите. Сеедно, мораме да се подобриме бидејќи со ваква игра тешко дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Пике.

Дали новиот неуспех на Барселона значи и дека се тресе столчето на Валверде?

„Сетете се на 2015 година кога не водеше Луис Енрике. На отварањето на сезоната бевме прилично неубедливи, но на крајот освоивме тројна круна“, потсети искусниот дефанзивец.

Дополнителен проблем за Барселона во овој момент е тоа што Пике поради суспензија ќе го пропушти наредниот натпревар против Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ова е лудо: Клуб за натпревар од францускиот куп ќе патува ресчиси 24 часа и ќе прелета 36.000 километри!

Во петок започнува седмата рунда од Францускиот фудбалски куп со учество на 128 екипи, а е…