Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Петиција за Наинголан: Не е нормално да не оди на СП!

Петиција за Наинголан: Не е нормално да не оди на СП!

Навивачите на Белгија се лути на селекторот Роберто Мартинез бидејќи го изостави играчот на Рома Наинголан од списокот на фудбалери за СП во Русија.

Еден од навивачите реши да ги земе работите во свои раце, па на еден од порталите покрена петиција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За Белгија е потребно Наинголан да оди во Русија. Еден од најдобрите и најважните играчи во белгискиот тим. Селекторот ја лишува целата земја и еден од најдобрите играчи поради некои разлики помеѓу играчот и него. Тоа не е нормално.“ – се наведува во петицијата која моментално е потпишана од скоро 22.000 луѓе.

Поради изоставувањето од списокот, Наинголан објави дека се повлекува од националниот тим.

На Мундијалот во Русија, кој се игра од 14. јуни до 15. јули, Белгија се наоѓа во група со Англија, Панама и Тунис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…