Италијанските медиуми откриваат дека примарна трансфер цел на Милан следното лето ќе биде напаѓачот на Торино, Андреа Белоти.
И минатото лето „росонерите“ се обидоа да го донесат Белоти и понудија 65 милиони евра, но тогаш „биковите“ бараа 100 милиони евра за својот напаѓач, сума која не прифати да ја плати никој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега ситуацијата е комплетно различна бидејќи „Петелот“ оваа сезона има постигнато само 4 гола и се вклопи во сивилото на тимот.
Тој на крајот на сезоната ќе инсистира да го напушти Торино, а Милан е неговата прва опција.
Според „Спортмедиасет“ Милан е спремен да понуди повеќе од 50 милиони евра, бидејќи во Белоти гледа идеална замена за Андре Силва кој не ги исполни очекувања.