Плејмејкерот на Лестер, Јури Тилеманс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.




Тилеманс ова лето не направи трансфер и остана во Лестер, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната и тој одби да ја продолжи соработката со „лисиците“.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми тврдат дека пет европски гиганти веќе ја започнале битката за неговиот потпис.




Јувентус и Реал Мадрид сакаат да го донесат како слободен агент следното лето, но ќе треба да ја победат конкуренцијата од англиските клубови.




Имено, Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед се спремни уште во јануари да го доведат Тилеманс и спремаат понуди.




Останува да видиме каков ќе биде изборот на Тилеманс, кој потврди дека сака да игра за тим кој настапува во Лигата на шампиони.