Иван Перишиќ со голема еуфорија пристигна во Хајдук, но си заминува по само осум месеци поради конфликт со тренерот Џенаро Гатузо.
Во изјава за хрватскиот портал „Далмантински“, Перишиќ ја кажа својата страна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот ветеран во својата изјава истакнува дека имал понуда од странски клуб, но негов избор бил Хајдук, иако условите во клубот кој не го именува како што вели сигурно ќе биле подобри.
Освен тоа во Хрватска живеел и без семејството, а како единствена причина што потпишал за Хајдук ја истакнува желбата да помогне за успех на клубот.
„Тука во Хајдук пристигнав со надеж дека ќе помогнам во остварување на сонот и ќе ја освоиме титулата. Со Тотенхем имав добар договор и повреден добив одлична понуда од голем странски клуб. Во тој клуб сигурно би имал фантастични услови за рехабилитација и барем еднакви шанси за играње како тука. Место тоа на повик на навивачите и управата избрав живот без семејството кое е во странство. Се надевав дека ќе помогнам во борбата за титула и пласман во Лигата на шампионите“.
„Во натпреварот од купот против Динамо повреден влегов во игра и покрај сите препораки на докторите. Ризикував дополнителна повреда која би ми ја завршила кариерата. Се од првиот ден до денес го почитував договорот и се држев до поставените правила. На сите сигурно им е јасно дека не го избрав Хајдук поради пари или здравствена нега“.
„Од кога знам за себе Хајдук е нешто големо и така се однесувам. Во желба да помогнам го ставив семејството и себеси во втор план, но во неделата вечер некој друг со свој испад одлучи дека мојот помош повеќе не е потребна. Без разлика кој е во клубот на Хајдук му посакувам среќа и успе“, изјави Перишиќ.