Дома Фудбал Останато Перишиќ призна: За малу ќе играв за Манчестер Јунајтед…

Перишиќ призна: За малу ќе играв за Манчестер Јунајтед…

Играчот на Интер, Иван Перишиќ призна дека летото 2017. година бил многу близу до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Тогаш и медиумите многу шпекулираа дека хрватскиот напаѓач ќе ја промени средината и ќе си замине во Премиер лигата, но на крајот сепак остана во Интер. Денеска, нешто повеќе од година дена подоцна, Перишиќ во разговор за магазинот „FourFourTwo“ објасни како тоа се случило.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Вистина е дека на масата имав понуда од Манчестер Јунајтед и бев многу блиску до заминување од Интер. Но, на крајот одлучив да останам. Спалети сакаше да ми даде голема улога во тимот. Во фудбалот мали детали во ваквите ситуации можат да пресудат“, изјави Перишиќ.

Потсетуваме, тој оваа сезона запиша вкупно 18 настапи во сите натпреварувања и постигна два гола со две асистенции

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aларм во Баерн: Кејн може да не игра против Реал!

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, нема да биде дел од тимот за натпреварот против Фрај…