Перез непосредно пред трката за Големата награда на Британија беше позитивен на коронавирусот, помина седум дена во карантин и се надеваше дека ќе се врати на стазата.
Меѓутоа, тој на новото тестирање повторно бил позитивен, па ќе ја пропушти трката на која се одбележува 70. годишнината од првата трка во Формула 1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рејсинг поинт соопшти дека Мексиканецот се чувствува добро и се опоравува.
На местото на Перез, нова шанса за настап во Силверстоун ќе добие Нико Хилкенберг. Германскиот возач претходниот викенд требаше да вози за Рејсинг поинт, но не стартуваше поради проблеми со болидот.
Трката на Силверстоун се вози во недела од 15.10 часот.