Дома Фудбал Перез: Не можам да го замислам првенството без Барселона

Перез: Не можам да го замислам првенството без Барселона

Референдумот за отцепување на Каталонија предизвика голема „бура“ во Шпанија, но и во цела Европа. Целата ситуација се одрази и на фудбалот во Шпанија.

Особено главна тема во спортските медиуми беше веста дека доколку дојде до отцепување на Каталонија, Барселона нема да може повеќе да игра во Примера.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Искрено, не можам да ја замислам Шпанија без Каталонија, а ни Примера баз Барселона“, изјави Флорентино Перез кој се осврна на наводната напнатост помеѓу Серхио Рамос и Жерар Пике во репрезентацијата.

„Во репрезентацијата треба да играат најдобрите, мора да биде добра атмосферата и сите мора да бидат како еден, без кланови. Токму тоа го видов на последниот натпревар на Шпанија, заедништво на тимот“, заклучи Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе се спореди со Ди Стефано и Роналдо: Ако можеа тие, можам и јас

ФРАНЦУСКИОТ напаѓач Килијан Мбапе се осврна на негативните коментари со кои се соочува отк…