Дома Трансфер зона Перез му спрема тежок удар на Јувентус, го сака – Миралем Пјаниќ!

Перез му спрема тежок удар на Јувентус, го сака – Миралем Пјаниќ!

Фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ ова лето би можел да направи голем трансфер, пишуваат итаPлијанските медиуми.

Имено, ако можеме да им веруваме на медиумите на Апенините, босанскиот репрезентативец од редовите на „старата дама“ би можел да направи трансфер во Реал Мадрид.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Иако Реал Мадрид и оваа сезона е во врвот на европскиот фудбал, претседателот на клубот Флорентино Перез наводно има желба да го освежи тимот и да засили одредени линии.

Пјаниќ е еден од фудбалерите кои Перез ги „пикирал“ за летото кое следи и како што се наведува е спремен да понуди околу 60 милиони евра.

Босанскиот репрезентативец и претходно се поврзуваше со Реал. Пјаниќ во Јувентус пристигна во 2016 година од Рома, а оваа сезона многу веројатно ќе стигне до второто Скудетот со „бјанконерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…