Дома Фудбал Перез: Мбапе? Ги имаме Винисиус и Родриго, тие ќе освојуваат „Златни топки“ во иднина

Перез: Мбапе? Ги имаме Винисиус и Родриго, тие ќе освојуваат „Златни топки“ во иднина

Иако Килијан Мбапе го продолжи договорот со ПСЖ, неодамна се појавија информации дека младиот напаѓач сака да си замине.

Мбапе истакна во јавноста дека е среќен во Париз и дека не сака да замине, но гласините сигурно нема тука да запрат после се што се пишуваше.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Поради тоа новинарите кои присуствуваа на доделувањето на „Златната топка“ го искористија тој момент да го прашаат Флорентино Перез.

„Мбапе? Можам да кажам дека ми е досадно од тоа што се пишува и веќе не ни читам. Ние имаме голема иднина пред нас. Тука се Винисиус и Родриго кои се вистински ѕвезди. Мислам дека во иднина тие ќе бидат добитници на „Златни топки““, изјави Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игор Ангеловски по пауза од две години има нов клуб1

По пауза подолга од две години, поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, повто…