Дома Топ вести Перез е бесен, спрема отказ за Анчелоти

Перез е бесен, спрема отказ за Анчелоти

Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид е доведена под сериозен знак прашалник.

„Спорт“ пренесува дека претседателот Перез е разочаран од начинот на кој Реал Мадрид го одигра дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони и не го гледа Анчелоти како човек што може да ги доведе во нова ера.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Имено, Перез размислува да му врачи отказ на Анчелоти на крајот од сезоната бидејќи смета дека Италијанецот не е иделна личност за идниот проект на клубот.

Дефанзивниот пристап во Париз го натерал Перез да размислува за наследникот на Анчелоти и тренерот кој ќе треба да го гради новиот Реал предводен од Килијан Мбапе, за кого се смета дека сигурно ќе пристигне во Мадрид.

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се најсериозни кандидати да го наследат Италијанецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мурињо доби 102 милиони евра од раскинување на договори: Бенфика се заштити со клаузула

Откриени се деталите од двегодишниот договор што Жозе Мурињо го потпиша со Бенфика, а во ј…