Реал Мадрид денес го претстави Рудигер, на претставувањето секако присуствувше и претседателот Флорентино Перез.
Перез имаше порака за дефанзивецот пред започнувањето на новата епизода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е специјален ден за сите мадристи, ни пристигнува фудбалер кој ќе не направи посилни. Добиваме фудбалер кој го остава срцето на терен, еден од најдобрите дефанзивци во светот, Антонио Рудигер. Драг, Рудигер од денес ти си играч на клубот кој има 14 титули во Лигата н шампионите. Задоволни сме што имаме играч како тебе и се надеваме заедно ќе ги остваруваме твоите соништа“, изјави Перез.
Задоволство од потписот истакна и Рудигер.
„Ова е специјален ден за мене и моите блиски. Сакам да им се заблагодарам н мите родители без чија помош не би бил денес тука. Благодарност и до претседателот на Реал Мадрид што ми даде можност да заиграм за овој клуб. Ветувам дека ќе дадам се од себе, сакам да ги освојам сите трофеи со Реал“, изјави Рудигер.