Дома Фудбал Перез во соблекувална после натпреварот, Зидан: Ни треба длабока анализа!

Перез во соблекувална после натпреварот, Зидан: Ни треба длабока анализа!

Реал Мадрид одигра само 2:2 на гостувањето против Селта, па сега заостанува огромни 16 бода зад лидерот Барселона.

После натпреварот во собелкувалната на кралевите се спушти и претседателот Флорентино Перез за да им даде поддршка на фудбалерите.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Разговаравме како обично. Сите сме нервозни и лути поради резултатот. Првото полувреме беше добро, а поради второто мораме да бидеме лути. Денеска не можеме да бидеме среќни, но утре е веќе нов ден. Утре се враќаме на тренинзите и на тоа што ни е работа. Повеќе нема да зборувам за титулата во Ла Лига. Од сега, ќе работиме ден за ден, натпревар за натпревар“, истакна Зидан.

„Проблемот е во нашата самодоверба, како да се нема верба во квалитетите што овој тим ги поседува. Треба да направиме длабока анализа пред да продолжиме понатака“, додаде Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси веќе стана рекорд во МЛС – го симна Игуаин од врвот!

Лионел Меси постигна гол против Торонто и веќе сега стана рекордер на Интер Мајами. Торонт…