Maнчестер Сити и ова лето планира сериозно да го засили клубот, а Пеп Гвардиола наводно веќе дал инструкции и зелено светло за доведување на некои играчи.
Натан Аке според информациите веќе е договорен за 45 милиони евра, додека 40 ќе бидат потрошени на Феран Торес од Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Значи само за тие два играчи Сити ќе потроши 85 милиони евра, но Пеп не мора да се грижи бидејќи ќе има буџет за трансфер од 330 милиони евра.
Кога се укина забранта за настап во Лигата на шампионите после пресудата на Меѓународниот суд за спортска арбитража, клубот започна акција собирајќи ги сите ресурси и тргна во напад на пазарот.
Пеп ќе има време до 5. октомври да потроши 330 милиони евра и се верува дека покрај Аке и Торес многу пари ќе бидат потрошени на Калид Кулибали од Наполи.