Ханси Флик изгради доминантен тим на Баерн кој вчера ја освои шестата титула во една година.
Баерн е вториот тим на кој му успева вакво нешто претходно тоа го направи Барселона со Пеп Гвардиола во 2009 година. Како прв човек кој стигнал до ваков успех по титулата на Баерн се огласи токму Пеп.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пеп му честиташе на Флик и напомена дека би можеле да одиграат натпревар за седма титула.
„Здраво, честиттки до големото семејство на Баерн за овој фантастичен успех. Горд сум на овој успех и им честитам на сите, посебно на Хнаси. Но, исто така сакам да му порачам на Флик дека тие се вториот тим кој освојува шест титули по ред. Претходно такво нешто направи друг тим, Барселона. Јас можам да му се јавам на Меси и компанија па да одиграме еден натпревар за седма титула. Кажете ми кога и каде и се гледаме таму. Уште еднаш честитки до сите во Баерн“, изјави Пеп.