Дома Македонски спорт Мак фудбал Пенал рулетот среќен за велешани: Борец ќе игра против Победа во баражот за влез во ПМФЛ

Пенал рулетот среќен за велешани: Борец ќе игра против Победа во баражот за влез во ПМФЛ

Денес беше одигран натпреварот помеѓу Гостивар и Борец во плеј-офот за пласман во првата македонска фудбалска лига.

На тренинг комплексот „Петар Милошевски“, Гостивар и Борец одиграа реми без голови, по што победникот беше одлучен после изведувањето на пенали.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во пенал рулетот поуспешен беше тимот од Велес. Фудбалерите на Гостивар добија прилика први да шутираат, а токму тој пенал ја одлучија серијата – промашија. Во продолжение до

крајот на серијата играчите на двата клуба беа прецизни, па Борец ја однесе победата.

Борец за влез во ПМФЛ го очекува натпревар против прилепска Победа. Овој натпревар ќе се одигра на 2 јуни на стадионот „Младост“ во Струмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…