Дома Фудбал Останато Пелегрини се враќа во Ла Лига?

Пелегрини се враќа во Ла Лига?

Чилеанецот изгледа ќе се врати во омилената улога.

Маурисио Пелегрини е прва желба на управата на Бетис и би можел наскоро да го превземе тимот од „Бенито Виљамарин“.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Оваа вест денес ја објавија шпанските медиуми со напомена дека се би требало да се заврши во наредните денови. Бетис неодамна го отпушти тренерот Руби после серијата лоши резултати, а Пелегрини сега е прва мета на управата.

Без ангажман Пелегрини е од декември минатата година кога доби отказ во Вест Хем, а претходно работеше во кинескиот Хебеи.

Ќе потсетиме Пелегрини фудбалското име го стекна токму во Шпанија бидејќи ја предводеше одличната генерација на Виљареал од 2004 до 2009 година, а потоа една сезона го водеше и Реал Мадрид.

Следуваше епизода во Малага со која стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите за потоа да премине во Манчестер Сити со кој ја освои Премиер лигата. На „Етихад“ беше од 2013 до 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зошто Осимен не го славеше голот против Јувентус?

Фудбалерите на Галатасарај вчера во реванш-натпреварот успеаја со вкупен резултат од 7:5 д…