Дома Фудбал Останато Пеле не сака да излезе од својот дом: Беше крал, а сега не може да оди

Пеле не сака да излезе од својот дом: Беше крал, а сега не може да оди

Синот на Пеле, Едињо откри дека неговиот татко не сака да го напушти својата куќа затоа што не може самостојно да оди.

Трикратниот светски шампион и еден од најдобрите играчи на сите времиња веќе некое време има проблеми со колковите поради што потребни му се помагала за да се движи. Во последно време во јавноста се појавуваше во инвалидска количка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Замислете само, тој е крал и секогаш беше некој на кој светот се воодушевуваше и сега не може да оди. Се чувствува засрамено и не излегува од дома затоа што не сака да го гледаат атаков. Беше на операција која не помина како што треба. Има проблеми со движењето и тоа кај него предизвикува депресија“, изјави Едињо.

Пеле кој оваа година ќе наполни 80 години во кариерата постигна 1281 гол на 1363 натпревар. Светски шампион беше во 1958, 1962 и 1970.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…