Дома Останати Пекинг: Малку недостасуваше за изненадување, Надал со тешки маки се пласираше во второто коло

Пекинг: Малку недостасуваше за изненадување, Надал со тешки маки се пласираше во второто коло

Малку недостасуваше за изненадување…

Првиот тенисер во светот, Шпанецот, Рафаел Надал со многу маки денес се пласираше во второто коло на туринрот во Пекинг.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој на стартот го совлада Французинот, Лук Пуј со 2:1 во сетови, 4:6, 7:6 (8:6) и 7:5.

Мечот траеше нешто повеќе од два ипол часа, а Французинот во вториот сет пропушти две меч топки.

Надал успеа да го издржи налетот на ривалот и серијата од 4:0 во тај-брејкот и да стигне од 4:6 до 8:6 и изедначување во сетови. Во третиот одлучувачки сет му беше доволен брејк во 11 гејм, после што Французинот немаше одговор.

Нареден противник на Надал ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Кинезот Ди Вуа и Русинот Карен Качанов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ утре го игра својот прв меч во Монте Карло: Еве и во кој термин – ќе се соочи со тенисер со кого играл еднаш и изгубил

Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го игра првиот меч на Мастерсот во Монте Карло, а противник ќе…