Пауло Дибала ова лето бил толку блиску од заминување од Јувентус, па дури и снимил видео со кое се збогува од „старата дама“, откриваат италијанските медиуми.
Маурицио Сари сметаше дека Дибала нема да се вклопи во неговата формација, па „бјанконерите“ го ставија Аргентинецот на трансфер листа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дибала во еден момент беше на чекор од Манчестер Јунајтед како дел од трампа за Лукаку, но трансферот пропадна во последен момент.
Потоа за него конкрентна понуда испрати и Тотенхем, но Дибала реши да ја одбие и остана во Јувентус, каде е еден од најдобрите поединци оваа сезона.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека напаѓачот бил толку блиску до заминување, па дури снимил видео за збогување, кое требало да биде објавено откако ќе биде комплетиран трансферот.
Paulo Dybala came so close to joining #thfc last summer that he had recorded a Juventus farewell video. | @Gazzetta_it pic.twitter.com/XsuEzhTygl
— Daily Hotspur (@Daily_Hotspur) January 15, 2020