Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев ќе добие документарен филм посветен на неговата кариера, филмот премиерата ќе ја има на 24-ти април во Скопје.
Документарниот филм го носи името „Патот на Кобра до ѕвездите“ и во него се зборува за фудбалскиот пат на Панчев кој прерасна во еден од најдобрите голгетери во поранешна Југославија, а со Звезда стигна до европската и светската титула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На филмот работеа и го снимиаа телевизијата Спортклуб, Спорт Нетворк, Продукција од Србија и Спортското радио 90.3 фм.
Промоцијата на филмот ќе се случи во хотелот „Александар Палас“ пред многу гости, новинари, спортски работници, поранешни фудбалски ѕвезди и ривали на македонската фудбалска легенда.