Искусниот бразилски напаѓач Алесандре Пато ја заврши својата авантура во далечната Кина.
Имено, Пато ја прекина соработката со тимот на Тијанџин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веста за Пато е пренесувана од голем број светски медиуми. Пато во Кина заработуваше девет милиони евра по сезона, плата која со оглед на неговата денашна форма сигурно нема да му ја понуди ниту еден европски клуб.
Како што се навеува Пато дури и се откажал од дел од сумата од договорот за да стане слободен играч и да ја промени средината.
Пато во јануарскиот преоден рок се поврзуваше со сензационално враќање во Милан, но тоа не се случи. Сега малку веројатно е „росонерите“ да ангажираат нов напаѓач со оглед на формата во која игра Криштоф Пјонтек кого клубот го доведе од Џенова.
Меѓутоа се пишува дека сега во игра за потписот Пато се неколку други клубови од Серија А, но нивните имиња засега не се откриваат.
Не се исклучува и можноста напаѓачот да се врати и во неговиот роден Бразил. Во дресот на Тијанџин Пато одигра 60 натпревари и постигна 36 голови.
Во својата денес 29 годишниот Пато го носеше дресот на Интернационал, Милан Коринтијас, Сао Паоло, Челзи и Виљареал. Најдолго се задржа во Милан каде што настапуваше од 2007 до 2013 година.