Парма во своите редови сака да го види 37 годишниот ветеран од Премиер лигата!
Популарните „млекари“ имаат големи амбиции после враќањето помеѓу најдобрите во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се вратија во Серија А и сега според најавите имаат желба веднаш да се вмешаат во борба за Европа, а за такво нешто дефинитивно им се потребни засилувања.
Се споменуваше Марио Балотели, наводно Парма е спремна да му понуди добар договор, а покрај него сега се зборува и за – Питер Крауч!
Високиот англиски напаѓач ќе го напушти Стоук кој испадна од Премиер лигата, а во Парма сериозно размислуваат да му понудат договор на 37 годишниот ветеран кој во претходната сезона во Премиер лигата постигна шест голови.
И не е тоа се, Парма се поврузваше и со Маноло Гамбјадини кој би можел да се врати во Серија А, но засега поголеми шанси се даваат на тоа дека Крауч ќе ги засили „млекарите“.