Италијанските навивачи во избор за „Суперкомесе“ ги избирааа најголемите разочарувања во екипата и на нивната листа се најде името на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев.
Панчев најдобрите денови од кариерата ги помина во Вардар и Звезда. Во Звезда ја освои Златната копачка, а потоа во 1992 година направи трансфер во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанската лига во тоа време беше убедливо најсилна во Европа и за Панчев овој трансфер беше голем предизвик. Меѓутоа работите не се одвиваа според очекуваното, Панчев за Интер одигра само 19 натпревари и три пати се запиша во листата на стрелци.
Според изборот формацијата на најразочарувачкиот тим на Интер е 4-3-3: Фабио Карини, Алваро Переира. Гонасло Сорондо, Сирил Доморо, Вратислав Грешко, Хавиер Фаринос, Вампета, Рикардо Кварезма, Панчев, Хакан Шукур и Диего Форлан.
Ќе потсетиме, Панчев подоцна откри дека имал прилика и да заигра и за Манчестер Јунајтед, меѓутоа се одлучил за италијанската Серија А.