Францускиот тенисер Беноа Пер е позитивен на коронавирус, па ќе мора да го прекине неговото учество на УС Опен во Њујорк.
Тој требаше во првото коло да игра против Камил Мајхржак од Полска, но на задолжителното тестирање се покажа дека е позитивен на Ковид 19.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ова е првиот позитивен случај на коронавирус кај играч кој престојува во „кампот“ на УС Опен, односно е сместен во хотелот резервиран за тенисерите и тенисерките.