Дома Фудбал Италија Пандев: Трансферот се случи набрзина, среќен сум што ќе играм со Буфон

Пандев: Трансферот се случи набрзина, среќен сум што ќе играм со Буфон

Горан Пандев на големо изненадување во последниот ден од преодниот рок ја напушти Џенова и се пресели во Парма, каде ќе игра до крајот на сезоната.

Пандев веќе почна да тренира со Парма, а за медиумите изјави дека е среќен што ќе може да игра во ист тим со легендарниот Џанлуиџи Буфон.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Трансферот се случи набрзина, а мојата желба е да бидам важен дел од тимот. Се надевам дека се ќе биде добро во Парма и дека ќе ги оствариме целите, а тоа е влез во плејофот и пласман во Серија А“.

„Нема да се променат моите планови и на крајот на сезоната ќе означам крај на мојата фудбалска кариера. Големо е задоволството да се игра со Буфон, знаеме што значи тој за европскиот и светскиот фудбал, а кога дојдов ми кажа дека е среќен бидејќи нема да му давам повеќе голови“, изјави Пандев

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …