Дома Фудбал Репрезентации Пандев: Со Наполи освоивме куп, можам да замислам како ќе биде сега – му посакувам на Елмас да ја освои и ЛШ!

Пандев: Со Наполи освоивме куп, можам да замислам како ќе биде сега – му посакувам на Елмас да ја освои и ЛШ!

Тимот на Наполи само еден бод го дели од официјално освојување на титулата во Серрија A и се очекува Скудетото да го освојат на гостувањето кај Удинезе во четврток.

Изјава за ситуацијата во Неапол даде и македонската фудбалска легенда, Горан Пандев кој еден дел од кариерата помина во тимот под Везув.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Наполи е мој поранешен клуб и затоа на сите им честитам за титулата, од претседателот до играчите и тренерот Спелети кој е одличен стратег. Во Наполи поминав три години, не го освоивме Скудетото, но го освоивме Купот, имаше навистина големо славје“.

Можам да замислам како ќе биде сега за освојувањето на титулата. Секако сум среќен и за Елмас, му посакувам следната година со Наполи да ја освои и ЛИгата на шампионите“, истакна Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Луис Дијас веќе има договор со Баерн, објави “Билд”

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијас, постигна договор со Баерн Минхен за личните услови, екс…