Дома Фудбал Италија Пандев добива партнер во нападот, Пато пред враќање во Серија А

Пандев добива партнер во нападот, Пато пред враќање во Серија А

Бразилскиот напаѓач Александре Пато моментално е без клуб откако неодамна му истече договорот со Сао Паоло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пато се врати во Сао Паоло пред година дена откако претходно две сезони помина во Кина. Со бразилскиот клуб не договори продолжување на соработката и веќе еден месец е без договор.

Меѓутоа, овој 31-годишен напаѓач наскоро може да се врати во Серија А и да му биде соиграч на Горан Пандев. Познато е дека Пато своевремено го носеше дресот на Милан, а Сан Сиро го напушти пред седум години кога се врати во Бразил.

Сепак, медиумите на Апенините пишуваат дека Пато повторно сака да заигра во Серија А и дека на маса има неколку интересни понуди. Веќе е во преговори со Џенова која му понудила на Пато договор кој тој го побарал и кариерата веројатно ќе ја продолжи токму во тој клуб.

Пато во Милано играше шест години и на 117 натпревари постигна 51 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се поклопија резултатите: БиХ ќе игра во нокаут-фаза на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во нокаут-фазата на Светс…