Дома Фудбал Останато Пандев го откри најдобриот на сите времиња за него: Тој беше играч од друга планета!

Пандев го откри најдобриот на сите времиња за него: Тој беше играч од друга планета!

Капитенот Горан Пандев вчера беше гостин во серијалот кој го започна Илија Несторовски, „Нестор ТВ“.

Несторовски започна серијал во кој во живо на Инстаграм разговара со свои пријатели и соиграчи, а вчера разговараше со Пандев. Во тој разговор Пандев го откри за него најдобриот играч на сите времиња.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пандев во младинците на Интер имаше прилика да тренира со големи играчи како Виери и Роналдо, а токму Бразилецот е најдобриот за Пандев.

„Дебитирав во Беласица на 16 години во втора лига. Со 17 играв во прва лига и на 18 ме продадоа во Интер. Бев во младинците на Интер и тогаш после 25 години тој тим на Интер ја освои Примавера. На тренинг во младинските категории на Интер секој четврток игравме тренинг натпревар со првиот тим. Тогаш во Интер беа Виери, Роналдо…Роналдо беше играч од друга планета, најдобар на сите времиња за мене.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одби да тренира и почна штрајк: Денот кога Модриќ се избори за трансфер во Реал Мадрид

Лука Модриќ денес стана играч на Реал Мадрид. Капитенот на хрватската репрезентација се пр…