Манчестер Јунајтед и Кристал Палас конечно постигнаа договор за трансфер на десниот бек Арон Ван-Бисака.
„Црвените ѓаволи“ се согласија да платат 50 милиони фунти за неговиот потпис, па англискиот репрезентативец ќе стане најскапиот бек во историјата на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ван-Бисака во наредните 24 часа треба да ги помине лекарските прегледи во Манчестер Јунајтед, а потоа ќе стави потпис на четиригодишен договор и ќе заработува 90.000 фунти неделно.
Двата клуба подолго време беа во преговори, па конечно си пуштија рака за трансфер вреден 50 милиони фунти. Според договорот Манчестер Јунајтед ќе плати 45 милиони веднаш, плус 5 милиони во име на бонуси.
Manchester Utd have reached an agreement with Crystal Palace to sign Aaron Wan-Bissaka in a deal worth £45m upfront + £5m in add ons. (Source: @bbcsport_david) pic.twitter.com/Tx40vNhTMq
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 26, 2019