Реал Мадрид покажува силен интерес за десниот бек на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака, пренесуваат шпанските медиуми.
„Кралевите“ се во потрага по нов десен бек, откако оваа сезона Карвахал често е повреден, а Одриазола прикажува неубедливи партии.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Реал Мадрид веќе жалат што лесно се откажаа од Хакими минатото лето, па сега ќе се насочат кон Ван-Бисака.
Првата варијанта е клубот да си го врати Хакими, доколку Интер не успее да го исплати трансферот до лето, меѓутоа, тоа е тешко бидејќи нема клаузула во договорот на двата клуба.
Поради тоа „кралевите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Ван-Бисака да добијат информации колку ќе чини трансферот.
Англичанецот е важна алка во тимот на Солскјер, па Јунајтед тешко дека ќе се откаже од него.