Дома Фудбал Англија Очекувано: Гвардиола избран за тренер на годината

Очекувано: Гвардиола избран за тренер на годината

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола очекувано ја доби наградата „The Best“ за најдобар тренер во изминатата година.

Церемонијата се одржува вечерва во Лондон и е во организација на ФИФА.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Гвардиола со Манчестер Сити дојде до титула во Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп и ФИФА Светското клупско првенство.

Конкуренција на Гвардиола му беа Лучано Спалети кој го однесе Наполи до првата титула во Серија А по пауза од 33 години и Симоне Инзаги кој со Интер стигна до финалето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гатузо во солзи: Се извинувам што не успеавме да одиме на СП

ЏЕНАРО ГАТУЗО, со солзи во очите, застана пред микрофоните на РАИ откако срдечно ги прегрн…