Попладнево екипата на Арсен Венгер славеше на гостувањето на „Гудисон Парк“ со резултат 5:2.
Сепак, натпреварот стартуваше лошо за Арсенал кој од 12. минута беше во резултатско заостанување. Вејн Руни погоди за водство на Евртон, а во 40. минута Монреал израмни за 1:1 на полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се играше 53. минута кога Арсенал дојде до пресврт. Месјут Озил конечно проработи и погоди за 2:1, а по 15 минути домашниот состав остана со играч помелку, а тоа „Топчиите“ максимално го искористија.
Лаказет потоа во 74. минута беше прецизен за 1:3, а Ремзи во 90. минута само ја потврди големата победа на Арсенал.
Сепак, кога сите мислеа дека е крај, Евертон намали на 2:4 благодарение на погодокот на Ниас, а точка на мечот стави Санчез кој во продолжението погоди за конечни 2:5.