Она што се очекуваше сега доби официјална потврда, Јувентус нема да игра во Европа во новата сезона, на негово место во Конференциската лига ќе настапи Фиорентина.
Јувентус минатата сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Меѓутоа, УЕФА отвори истрага за целиот случај и на „бјанконерите“ му се закануваше суспензија од европските натпреварувања.
УЕФА денес го суспендира Јувентус од Европа за идната сезона и му даде казна од 10 милиони евра поради финансиски нерегуларности.
Казната може да се зголеми на 20 милиони евра доколку во следните три години Јувентус ги прекрши правилата за Финансиски фер плеј.