Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски, се играчите кои го напуштија Вардар, а клубот полека работи на создавање на тимот на за наредната сезона.
Нов играч на Вардар е Јован Попзлатанов кој пред неколку дена ја напушти Македонија Ѓорче Петров и се очекува да биде големо засилување за Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јован Попзлатанов е второто засилување во овој преоден рок и повторно ќе го облече дресот на нашиот најтрофеен клуб. Офанзивниот крилен фудбалер доаѓа од екипата на Македонија ЃП и ќе биде големо засилување за нападот во наредната сезона“, соопштија од Вардар.
За Попзлатанов е ова е враќање во Вардар, а ќе видиме како ќе се снајде во својот втор мандат. Претходно Вардар се засили со крилниот играч, Симеон Христов.