Томас Тухел повеќе не е менаџер на Челzи, соопшти лондонскиот клуб.




„Сините“ ја започнаа сезоната под очекувањата, освоија 10 бода во првите шест кола од Премиер лигата, а последната капка која ја пречи чашата беше поразот од Динамо во Лигата на шампионите.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Бившиот тренер на Борусија Дортмунд и ПСЖ дојде во Челзи во јануари 2021 на местото на Френк Лампард и по само четири месеци следеше триумфот во Лигата на шампионите. Под негово водство Челзи ги освои и Европскиот суперкуп и Светското клупско првенство.
Фаворит за негов наследник е Маурисио Покетино, кој е слободен по заминувањето од ПСЖ.