Поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо ги потврди шпекулациите дека ја игра последната сезона во богатата фудбалска кариера.
Чаби Алонсо, најавуваше уште од почетокот на годината дека ќе се пензионира, а во денес, на Твитер потврди дека ова е неговата последна сезона како активен фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Те живеев. Те сакав. Збогум преубав спорту“.
Набргу на оваа социјална мрежа се огласи и претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.
„Баерн сака да му се заблагодари на брилијантниот фудбалер кој совршено го следеше патот на Баерн на теренот и надвор од него. Чаби Алонсо е еден од фудбалските великани. Освоил се што можел да освои во кариерата. Над се тој е прекрасна личност, вистински фудбалски џентлмен“, напиша Румениге.
Кариерата, Алонсо, ја започна во 1999 година во Реал Сосиедад, по четири години во тимот од „Аноета“ се сели во Ливерпул, а во 2009 година за сума од 30 милиони фунти го облече дресот на Реал. Пет години подоцна Пеп Гвардиола го донесе во Минхен.
Чаби Алонсо во кариерата има европска и светска титула со шпанската репрезентација, а Лигата на шампионите ја освои со Ливерпул и Реал.