Дома Фудбал Останато ОФИЦИЈАЛНО: Холандската репрезентација има нов селектор

ОФИЦИЈАЛНО: Холандската репрезентација има нов селектор

Фудбалскиот сојуз на Холандија денеска го именуваше Дик Адвокат како нов селектор на репрезентацијата.

Помошник на Адвокат во репрезентацијата на Холандија ќе биде Руд Гулит. Холандија беше без селектор уште од март, кога Дани Блинд доби отказ по поразот од Бугарија во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За Адвокат ова нема да биде прв пат како што ќе ја води репрезентацијата на Холандија. Имено, тој на кормилото на оваа репрезентација беше во периодот од 1992. до 1994. година и од 2002. до 2004. година.

Дик во својата кариера ги предводеше репрезентациите на Србија, Русија, Белгија, Обединетите Арапски Емирати и Јужна Кореја. Од клубовите, меѓу останатите, ПСВ, Борусија Мехенгладбах, Алкмар, Сандерленд и Фенербахче.

Репрезентацијата на Холандија по пет одиграни натпревари се наоѓа на четвртото место во групата А за квалификациите за Светското првенство во Русија со седум освоени бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Работнички потпиша договор со еден од најголемите таленти во Македонија

Македонскиот прволигаш Работнички денеска официјализираше нов долгорочен договор со младин…