Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Тухел е наследникот на Саутгејт!

Официјално: Тухел е наследникот на Саутгејт!

Како и што се најавуваше Германецот, Томас Тухел е наследникот на Герет Саутгејт на клупата на Англија.

За Тухел ова ќе биде прв ангажман по отказот во Баерн минатата сезона, но и прва селекторска работа во неговата кариера.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Горд сум што ќе имаме чест да ја водам англиската репрезентација. Чувствувам поврзаност со оваа земја и тоа веќе ми даде неколку неверојатни моменти. Да се претставува Англија е огромна привилегија и ќе биде возбудливо да работам со група која е талентирана и има голем потенцијал“, изјави Тухел.

Со работа на функцијата Тухел ќе започне од 1 јануари 2025 година, а негов помошник ќе биде Ентони Бери. Договорот кој го потпипша ќе има важност 18 месеци, не е официјално потврдено, но според медиумите ќе заработува пет милиони фунти годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…