Севиља доживеа нов тежок пораз во Ла Лига, на домашен терен, каде беше поразена од Гетафе со 0-3.
Тоа ја прелеа чашата и беше пресудно за тренерот Диего Алонсо да добие отказ, бидејќи тимот моментално е на 16-то место на табелата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Алонсо, пред два месеци дојде како замена за Хозе Мендилибар, со кого Севиља минатата сезона ја освои Лигата на Европа.
Алонсо ги забележа единствените две победи во Купот на кралот против нисколигаши, а не забележа триумф во Ла Лига и во Лигата на шампионите каде завршија на последното место на табелата.