Русија нема да биде дел од Зимските олимписки игри за 2018 година, соопшти Меѓународниот олимписки комитет.
Русите се исфрлени од ЗОИ поради докази за допинг на игрите во 2014 година на кои домаќин беше Сочи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така Олимпискиот комитет на Русија ќе мора да плати оштета од 15.000.000 долари, поради учество во организирање на допинг, додека тогашниот министер за спорт Витали Мутко е доживотно суспендиран.
Сепак, руските спортисти кои докажаа дека биле „чисти“ ќе можат да настапат под неутрално олимписко знаме.
Како што се наведува во скандалот учествувале повеќе од 1000 спортисти.
„Оваа одлука треба да стави точка на ваквите работи и да послужи како лекција на останатите репрезентации“, се наведува во соопштението од Меѓународниот олимписки комитет.