Фудбалерот од средината на Реал Мадрид, Иско Аларкон, го продолжи договорот со овој клуб на уште пет години, па за клубот од Мадрид ќе настапува барем до 2022 година, освен во случај некој клуб да ја плати неговата клазула.
До такво нешто тешко дека ќе дојде, Реал Мадрид го направи она што се најавуваше веќе подолго време и во договорот на Иско вметна клазула од неверојатни 700 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Акутелниот договор на одличниот фудбалер за врска истекува наредното лето, па шампионот на Европа и Шпанија одлучи да ги зголеми неговите примања, па Иско сега ќе заработува шест милиони евра годишно.
Иско стана „крал“ во 2013 година кога пристигна од Малага и после неколку сезони во кои се бараше себеси, од минатата година доби значајна улога во тимот и сега е еден од најважните фудбалери во тимот на Зинедин Зидан.
До овој момент Иско за Реал Мадрид одигра 130 натпревари и постигна 25 погодоци.
OFFICIAL: Isco has agreed a new five-year contract with Real Madrid, keeping him at the club until 2022. pic.twitter.com/nRdspUoerY
— Squawka News (@SquawkaNews) September 14, 2017