Дома Фудбал Англија Официјално: Рангник го напушти Јунајтед, нема да биде консултант

Официјално: Рангник го напушти Јунајтед, нема да биде консултант

Ралф Рангник нема да работи како консултант во Манчестер Јунајтед и го напушти клубот од „Олд Трафорд“.

Иако требаше да остане во улога на консултант во Манчестер јунајтед, сепак Рангник  ќе се фокусира на работата со австриската репрезентација, потврди англискиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


63-годишниот Германец беше привремен менаџер на „црвените ѓаволи“ и имаше уште двегодишен договор со клубот како консултант.

„Би сакале да му се заблагодариме на Ралф Рангник за неговата работа како преоден менаџер во последните шест месеци. Со взаемен договор, Ралф сега ќе се фокусира на репрезентацијата на Австрија и нема да продолжи со консултантската улога со клубот. Му посакуваме многу среќа во следното поглавје во неговата кариера“, соопштија од Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Охрид: Ги повикуваме сите да ги објават доказите за нерегуларности!

Ситуацијата со тимот на Охрид продолжува да биде тема во јавноста, сега се огласија и охрѓ…