Дома Фудбал Барселона и Арсенал во трка за Хулијан Алварез

Барселона и Арсенал во трка за Хулијан Алварез

Зимскиот преоден рок е во знакот на битката за Хулијан Алварез (25), напаѓачот на Атлетико Мадрид. Аргентинскиот репрезентативец е цел на Барселона и Арсенал. Според инсајдерски информации, се шпекулира и износот од 150 милиони евра, што би бил третиот најголем трансфер во историјата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Деко, спортскиот директор на Барселона, имаше средба со агентите на Алварез. Каталонскиот клуб го гледа како наследник на Роберт Левандовски.

Имајќи предвид дека е еден од клучните играчи на Атлетико со 11 постигнати голови и пет асистенции во 28 натпревари сезонава, Атлетико тешко ќе се одлучи да го пушти, особено кон ривал како Барселона.

Само огромна понуда би можела да ја смени одлуката на мадридскиот клуб за играчот кој има договор до летото 2030 година. Како што пренесува Tрансфермаркт, неговата вредност се проценува на 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Иран има тешка животна приказна: Татко му не му давал да игра фудбал, па живеел како бездомник!

Иранскиот голман Алиреза Бејранванд стана вистински херој на иранската фудбалска репрезент…