Дома Трансфер зона Официјално: Премиер лигата во преодниот рок се врати на старото

Официјално: Премиер лигата во преодниот рок се врати на старото

Членовите на Премиер лигата денес изгласаа промена за траењето на летниот преоден рок.

Клубовите одлучија преодниот рок да биде отворен како поранао, до крајот на август, а не до почетокот на сезоната како што беше случај во последниот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англичаните имаа за цел со скратувањето на преодниот рок да им овозможат на тренерите пред првото коло да бидат сигурни каков тим имаа на располагање за сезоната. Меѓутоа тие се надеваа дека останатите европски лиги ќе го следнат нивниот пример. Сепак, се случи спротивното. Не само што останатите лиги не го скратија преодниот рок, туку таа ситуација ги креваше цените на играчите за англиските клубови кои немаа многу време и мораа панично да го купуваат.

Освен тоа кога преодниот рок во Премиер лигата ќе завршеше, се случуваше друг клуб да доведе играч од некој англиски клуб, па клубот да не може да доведе замена. Минатото лето англиските клубови можеа да купуваат само до 8. август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…