Оваа година во Шпанска Примера се води можеби најинтересната трка за титулата од сите пет најдобри лиги.
Раководството на оваа лига потврди дека дуелот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 10. април од 21 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму овој натпревар може да го даде одговорот на прашањето кој ќе отпадне од трката за титулата, со оглед на тоа дека големиот ривал Атлетико Мадрид е лидер со 63 бода.
Каталонците се втори со четири бода помалку, а Кралевите се едно место подолу со шест бода минус во однос на лидерот.
Распоредот е таков што Реал овој дуел ќе го одигра во најтешкиот можен момент со оглед на тоа дека ќе игра помеѓу двата натпревари од четвртфиналето во ЛШ.
Во првото Ел Класико оваа сезона Реал на Камп Ноу славеше со 3:1.