Дома Фудбал Италија Официјално: Осимен го продолжи договорот со Наполи, познато колку изнесува и откупната клазула

Официјално: Осимен го продолжи договорот со Наполи, познато колку изнесува и откупната клазула

Како и што беше најавено, Нигериецот Виктор Осимен стави потпис на нов договор со Наполи.

Новиот договор на Осимен со актуелниот шампион на Италија има важност до 2026 година и во него е вметната откупна клазула во износ од 130 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Осимен во еден период не беше во најдобри односи со клубот поради скандалот со видеото на „Тик Ток“, но подоцна работите се променија и Де Лаурентис успеа да го убеди да ја продолжи соработката.

Во претходниот период Осимен се поврзуваше со повеќе клубови, меѓутоа Де Лаурентис остана на својот став дека напаѓачот може да замине само под услови кои тој ќе ги постави. Сега секој кој го сака Осимен пред 2026 ќе мора да плати 130 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Светското клупско првенство е апсурдно, смета директорот на Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја нападна ФИФА поради Светското клупско …