Дома Фудбал Италија Официјално: Наполи не патува во Торино, Јувентус ќе победи со службени 3:0

Официјално: Наполи не патува во Торино, Јувентус ќе победи со службени 3:0

Хаосот во Италија околу дербито помеѓу Наполи и Јувентус продолжува, па според последните информации дефинитивно нема да се одигра.

Поради позитивните три случаи во Наполи, Зјелински, Елмас и еден од член на стручниот штаб здравствените власти не му дозволија на Наполи синоќа да отпатува во Торино.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Потоа се огласи раководството на Серија А и потврди дека натпреварот не е одложен, а  Јувентус преку соопштение потврди дека вечерва во 20:45 ќе излезе на терен.

Здравствените власти доцна синоќа појаснија дека не станува збор за забрана, туку само за препорака, па се очекуваше Наполи утрово да отпатува во Торино.

Последните информации од Италија говорат дека Наполи донел дефинитивна одлука да не патува во Торино, па натпреварот ќе биде заведен со службен резултат 3:0 за Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Падна нов отказ во Серија А, познат и неговиот наследник!

Аталанта ќе го отпушти хрватскиот стратег Иван Јуриќ и ќе го именува Рафаеле Палладино, ко…