Дејан Милосављев кој блеска оваа сезона во дресот на Вардар наредната сезона сигурно нема да го носи дресот на црвено-црните.
Милосављев во Вардар пристигна минатото лето и од него македонската спортска јавност немаше некои преголеми очекувања, но Милосављев многу брзо покажа дека е фантастичен голман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак за жал Вардар ова лето ќе мора да бара ново решение за голманската позиција бидејќи денес е официјално објавено дека Милосављев после завршувањето на сезоната се сели во Бундес лигата во тимот на Фуксе Берлин со кој потпиша договор до 2024 година.
Тренерот на бундеслигашот Владмир Петковиќ изрази големо задоволство што ќе го има Милосављев на располагање.
„Станува збор за еден од најголемите голмански таленти во Европа. Тој е многу млад, а веќе брани фантастично, горди сме што ќе го имаме во своите редови“, изјави Петковиќ.
Задоволство од трансферот истакна и Милосављев.
„Мојот сон секогаш бил да играм во Бундес лигата, а сега тој сон станува реалност“, порача Милосављев.
Пред само неколку дена Милосављев од реномираниот ракометен сајт „Хендбол планет“ беше избран за трансфер на сезоната во Европа, а во фајнлфор турнирот во Келн ќе биде еден од најголемите адути на Вардар.